ПРОТИВПОЖАРНИ ВРАТИ ППВ А1-90
Сигурносната ПП А1-90 врата е атестирана и сертифицирана во Рударски институт - Скопје, ТЕХНОИНСПЕКТ - Скопје, број на сертификат 0802-98/01.Противпожарната врата ППВА1-90 е наменета за заштита на деловни и стамбени единици, одделување на противпожарните зони во индустриски објекти и колективни згради за домување, а при тоа не ја ограничува креативноста во проектирањето. ПП-90 е сочинета од огноотпорно метално крило и метален довратник. Крилото кај ПП-90 вратата е изработено од декапиран апкантуван лим ≠ 2.00мм, со потконструкција од метални профилации од лим ≠ 2.00мм. Во крилото има исполна од негорливи материјали ≠ 80мм. Вградени се сет од 3 брави, за ПП врати со патент цилиндер, со кои е обезбедена вратата од температурно свивање горе во средина и долу. На крилото цврсто се фиксирани 3 метални шарки за обезбедување од свивање горе во средина и долу. Оковот е вообичаено стандарден, или е по избор на инвеститорот. На вратата има можност за инсталирање сет полуги и брави за антипаник отварање, електромагнетна брава за контрола на влез и излез, туркач-амортизер и друга дополнителна опрема. Вратата е електростатски фарбана по РАЛ карта.
Металниот довратник е изработен од декапиран апкантуван лим ≠ 2.00мм. Профилите се составуваат со заварување во заштитна атмосфера на гасови. Довратникот е електростатски фарбан по РАЛ карта. На довратникот се прицврстени долните делови од шарките.
Металниот довратник може да биде комплетиран со метален перваз со што се врши целосно опшивање на широчината на ѕидот.
ППВ А1-90 е изработена во согласност со стандардите за технички мерки за заштита од пожари МКС У.Ј1.160 кој е поврзан со стандардите МКС У.Ј1.070 и МКС У.Ј1.200, кои се пак во склад со меѓународните стандарди ИСО 834 и ЕУР 8750.
ППВ А1-90 врата е атестирана и сертифицирана во Рударски институт - Скопје, ТЕХНОИНСПЕКТ - Скопје, број на сертификат 0802- 98/01.
ИЗНОС:
1. Огноотпорна метална врата ППВ А1-90 со тесна метална каса д≤140мм
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА:
1. Доплата за широка каса д≤300мм, со первази
2. Антипаниц пусх-бар
- хоризонтална+вертикална шипка
3. Туркач-амортизер за затварање на вратата
4. Електромагнет
ГАРАНЦИИ:
Огноотпорните врати се со гарантен период од 2 години. Обезбеден сервис надвор од гарантниот рок изнесува 10 години.
ТЕНЗОР-Скопје Ви стои на располагање за сите подетални информации